Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата.

Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3.

Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1.

Синер ја продолжи својата доминација на Мастерс турнирите, бидејќи ова е негова четврта последователна титула, по Берси (Париз), Индијан Велс и Мајами.

Во двата сета, Италијанецот успеа да го врати брејкот, а потоа да направи пресврт. Во меѓусебните Алкараз води со 10:7.

foto/ EPA

Scroll to Top