Сити е подготвен за Енцо да плати 140 милиони евра

Манчестер Сити, во финишот на преодниот рок, одлучи да направи решителен чекор кон реализација на трансферот на Енцо Фернандес.

Доколку информациите од Англија се точни, тоа значи дека „граѓаните“ се подготвен да ги исполни барањата на Челзи. Неофицијално, станува збор за сума од 140 милиони евра.

Ако се реализира, ова би бил вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата, веднаш зад трансферот на Александар Исак од Њукасл во Ливерпул минатата година.

Челзи, исто така, би заработил пари од Аргентинецот, и покрај тоа што за него издвои рекордни 125 милиони евра.

Сити веќе сериозно инвестираше во реконструкција на редот за врска, откако клубот го напуштија Родри, Бернардо Силва и Тижани Рејндерс.

Клубот плати 135 милиони евра за Елиот Андерсон, а се очекува во наредните денови за 100 милиони евра да пристигне и мароканскиот тинејџер, Ајуб Буади од Лил.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top