Славниот романски фудбалски тренер Мирчеа Луческу (80) е во состојба на вештачки предизвикана кома.
Пред седум дена, селекторот на Романија беше итно префрлен во болница, откако му се слоѓи за време на тренингот. Во меѓувреме неговата состојба се влоши толку многу што лекарите мораа да го стават во вештачка кома (привремена, контролирана состојба на длабока бесвест предизвикана од лекарите кои користат силни анестетици за да го заштитат мозокот од тешки повреди, отоци или да ја намалат метаболичката активност).
Романската фудбалска федерација, исто така, ја објави најновата ситуација со легендарниот стручњак.
„Понекогаш има моменти во фудбалот кога резултатот на семафорот повеќе не е важен, а единствената победа за која се бориме е победата на животот. Денес е еден од тие моменти, а нашите мисли, на сите нас, се насочени кон човекот кој обликуваше судбини, создаде генерации и ја стави Романија на големата мапа на светскиот фудбал“, се вели во соопштението
Романските медиуми објавија дека синот на Мирчеа, Разван, кој седи на клупата на ПАОК, ќе пристигне вечерва во Романија, по дербито против Панатинаикос, за да биде со својот татко.
Во својата богата тренерска кариера, Луческу ги водеше, меѓу другите клубови, Интер, Динамо Киев, Галатасарај, Бешикташ, Зенит и Шахтјор Донецк.
Foto/ Depositphotos







