Мохамед Салах не е во тимот на Ливерпул кој ќе игра против Интер во вторник. Таква можност претходно ја најавија англиските медиуми откако Салах отворено го нападна клубот и тренерот Арне Слот за време на викендот.
Слот, се осврна на коментарите на Салах додека зборуваше на прес-конференција пред натпреварот со Интер во Милано. На прашањето што мислел Салах кога изјави „дека клубот го фрлил под автобус“, Слот одговори:
„Мо е единствениот што може да одговори на тоа. Можам да шпекулирам, но не мислам дека би било исправно во моментов. Тешко ми е да кажам кого и што мисли. За да коментирам за тоа, треба да знам што мислел. Обично сум смирен и учтив, но тоа не значи дека сум слаб. Кога играч ќе каже такви работи, мора да реагираме како клуб. Како што можете да видите, тој не е тука.“
„Дали комунициравме? Му кажавме дека не патува со нас. Тоа беше единствената комуникација од нас до него“, додаде тој и продолжи:
„Дали нашиот однос е нарушен? Не се чувствувам така, но тој има право да се чувствува така. Воопшто не се чувствував така до сабота навечер, тоа е сигурно. Играчите обично не се однесуваат добро кога се лути затоа што не играат, но тој беше почитуван од целиот персонал и своите соиграчи, тренираше напорно, па бев изненаден кога ги слушнав неговите коментари. Мојата реакција на нив е јасна, фактот дека тој не е со нас ви кажува сè.“
Foto/ EPA







