Вечерва започнува 17-то Европско првенство во ракомет, кое се игра во три земји, Данска, Норвешка и Шведска. На првенстото учествува и Македонија, која утре од 20.30 часот, ќе игра против Данска.
Првиот ден, на првенството нуди четири натпревари, во групите А и Ц.
Распоред на првиот ден од Европското првенство:
Група А: Шпанија – Србија (18:00)
Група Ц: Франција – Чешка (18:00)
Група А: Германија – Австрија (20:30)
Група Ц: Норвешка – Украина (18:00)
Групата А треба да биде една од најнеизвесните на овој турнир, а првиот натпревар ќе го играат Шпанија и Србија. Овие две репрезентации се сретнаа и во квалификациите за Европското првенство, двете селекции запишаа по една победа. Подоцна, Германија и Австрија играат во истата група.
Франција ја започнува одбраната на европската титула со натпревар против Чешка. Во овој меч Французите се апсолутни фаворити.
Истото може да се каже и за Норвешка, еден од трите домаќини, која игра против Украина во првиот натпревар.
Македонија, во Б групата покрај Данска за ривали ги има Португалија и Романија. По утрешниот меч со Данска, Македонија во недела ќе игра против Португалија, а на 20.јануари против Романија.
Foto/ EPA







