Страшен инцидент во Барселона, истакнати црвени знамиња

Тежок инцидент инцидент ја прекина Мото ГП трката во Барселона.

На половина од трката, во 12-от круг се случи инцидент, поради што дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме.

Моторот на Педро Акоста, во тој момент водечки во поредокот, откажа на правецот, Алекс Маркез, возач на Гресини Дукати, се обиде да го заобиколи, но имаше контакт со моторот на КТМ, по што се удри во оградата.

Дукатито одлета и го удри грбот на Фабио Ди Џанантонио. Неговиот мотор целосно се распадна, но тој сепак успеа да стигне до гаражата.

Сè изгледаше ужасно на патеката. На патеката влезе амбулантно возило, Маркез тука доби помош, а потоа е транспортиран во најблиската болноца.

Scroll to Top