Марк Андре тер-Штеген конечно би можел да се согласи да ја напушти Барселона.
Според информации од Каталонија, Бешикташ повторно покажува сериозен интерес за германскиот голман.
Досега, Германецот се двоумеше, одбиваше понуди, но сега е во проблеми бидејќи би можел да го изгуби статусот на репрезентативец, односно прв голман кај Јулијан Нагелсман.
За време на оваа пауза, селекторот на Германија јавно објави дека Тер-Штеген мора да биде стандарден по закрепнувањето од повредата, за да се наметне за место во националниот тим, кој ќе се натпреварува на Светското првенство 2026.
Бешикташ нуди сè што му е потребно – позицијата прв голман и договор до крајот на сезоната. Наводно, Турците се подготвени да вметнат клаузула според која ќе можат да го купат Германецот, по завршувањето на сезоната за сума од 8.000.000 евра, а дотогаш би ги покриле сите негови приходи.
Тер-Штеген го има последниот збор, но се чини дека е отворен за заминување бидејќи неговиот сон е да биде прв голман на Германија на Светското првенство.







