Фудбалерите на Реал Мадрид сензационално загубија во првиот натпревар под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа. „Кралскиот клуб“, доживеа пораз во Албасете, од 17-от тим во Втората шпанска лига со 3.2.
Хави Виљар го доведе домашниот тим во водство, а Франко Мастантуоно постигна гол за израмнување. Уште еден гол за домаќините постигна Хефте Бетанкор во 82-та минута, Гонзало Гарсија повторно израмни во 91-та минута, но Бетанкор со брилијантен гол во 94-та минута му пресуди на шампионот.
Овој резултат особено одекна во шпанските медиуми. „Марка“, водечкиот весник во Мадрид, го наслови својот извештај од натпреварот со: „Тотален дебаклл“ и потенцира дека „Овој Реал (Мадрид) е навистина срамен“.
Друг текст во кој се коментира натпреварот заклучува дека фудбалерите на Реал ги очекуваат свирежи во сабота, кога играчите на Арбелола го играат својот следен домашен натпревар против Леванте.
„Најлошото нешто што можеше да му се случи на Реал Мадрид беше тоа што по првите 20 минути од натпреварот, маглата се крена и го обви стадионот „Карлос Белмонте“ и ја разоткри срамната изведба што ги исфрли од Купот на кралот. Кризата во Реал Мадрид доби извонредни размери, за три дена се изгубени две титули, еден тренер беше отпуштен, а вториот „смртно ранет“ започна со својата работа.
Арбелоа ризикуваше со изборот на тимот, одмори четири клучни играчи и, иако вината не треба да се префрли само на тренерот кој е со тимот едвај 48 часа, тој веќе остана без еден трофеј. И да се помисли дека овој тим може да ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите е само желба.
Реалноста е дека играчите, не сите, туку огромното мнозинство, не беа воодушевени ниту од новиот тренер. Тие не очекуваа чуда од ненадејната смена на Чаби Алонсо, но барем се надеваа на промена во ставот на играчите. Ништо од тоа не се случи. Единствената промена беше во однесувањето на тренерот.
Сепак, тренерот ги изненади сите со својот настап на прес-конференцијата, беше претерано попустлив кон играчите, на кои дури и им се заблагодари.
Реал Мадрид беше целосно неефикасен во текот на целиот натпревар, предводен од Винисиус, кој сигурно не се истакнуваше. Играше како Чаби Алонсо да е сè уште на клупата. Валверде исто така не понуди ништо. А Мастантуоно, чија единствена светла точка беше гол, едвај го зголеми својот рејтинг.
Неговиот настап беше неверојатно лош, разбеснувачки и сигурно не го оправдува фактот дека, на 18 години и со таква игра, јавно не го отфрли својот поранешен тренер. Тие се враќаат на Бернабеу во сабота. Ги чека тежок период“, се наведува во тексто на „Марка“.
Foto/ EPA







