Фудбалската асоцијација на Белгија не може да поверува во одлуката донесена од Светската фудбалска федерација (ФИФА).
ФИФА го поништи црвениот картон за Американецот Фоларин Балогун, кој го заработи на натпреварот против Босна и Херцеговина, и му додели условна казна (!?), што значи дека ќе може да игра на претстојниот натпревар против Белгија.
„Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA) е запрепастена од одлуката на ФИФА да го прогласи суспендираниот играч на САД Фоларин Балогун за подобен за играње на натпреварот САД-Белгија во понеделник, 6 јули во 17:00 часот (локално време во Сиетл)“, се вели во соопштението на RBFA.
Бројни светски медиуми објавија дека ФИФА ја донела оваа одлука по „интервенција“ од Белата куќа, но ФИФА официјално ја базира одлуката на член 27 од Дисциплинскиот законик.
Сепак, член 66.4 од истиот Дисциплински кодекс на ФИФА јасно наведува дека црвениот картон (исклучување) автоматски резултира со суспензија за следниот натпревар на тимот, како што беше случајот со сите претходни црвени картони издадени за време на ова Светско првенство.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, јавно се обрати, заблагодарувајќи се на Светската фудбалска федерација.
„Благодарност до ФИФА што го направи правилното нешто и што ја поништи големата неправда“, рече американскиот претседател.
LOL!!! “Nah bro I have the Trump card, I win.”
Trump card always wins! pic.twitter.com/gGTlmDm0wH
— Gunther Eagleman™ (@GuntherEagleman) July 5, 2026
Натпреварот помеѓу САД и Белгија е закажан за 6 јули во Сиетл.
Foto/ EPA







