ТФТ ќе се бори за место во АБА лигата

Кошаркарите на ТФТ се пласираа во финалето, во АБА 2 лигата. ТФТ и во вториот натпревар ја совлада Сутјеска, за место во АБА лигата ќе се бори со Широки.

По победата во првиот меч во Црна Гора, ТФТ и во реваншот убедливо ја победи Сутјеска 90-77.

ТФТ одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, буквално на Сутјеска не и дозволи ниту грам надеж дека може да го врати брејкот. Победата скопскиот тим ја најави во првата четвртина, која ја доби со 29:14.

На полувреме разликата изнесуваше 16 поени, а во третата четвртина ТФТ дојде до максималните +23 (82:59).

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Стенли Дејвис Џуниор со 23 поени, Виктор Ташовски уфрли 19.

За место во АБА лигата, ТФТ ќе игра серија од максимум три натпреварисо Широки. Доколку ТФТ не успее против Широки ќе има можност а поправен, би играл бараж против последнопласираната екипа во АБА лигата.

Foto/ mkd.basketball

Scroll to Top