Унгарија го елиминира европскиот првак Шпанија

Ватерполо репрезентација на Унгарија стана третиот полуфиналист на Европското првенство, кое се одржува во Белград. Унгарците го победија бранителот на титулата, Шпанија 15:14 (по изведувањето пенали) во директен дуел за второто место во Групата Е.

Акос Наѓ беше најефикасен за Унгарците со три гола, додека Серхи Кабањас постигна четири гола за Шпанците. Натпреварот беше изедначен до самиот крај, иако Унгарија беше во водство во поголемиот дел, водејќи во два наврати со предност од два гола (3:1 во првата четвртина и 7:5 во третата четвртина).

Унгарија беше на дофат на победата дури и пред изведувањето на пеналите, бидејќи водеше со 11:10 33 секунди пред истекот на времето и ја имаше топката во посед.

Сепак, Унгарците, не реализираа им оставија седум секунди за напад на Шпанците, што Кабањас го искористи за израмнување.

Унгарскиот голман Вогел одбрани два удари, а Шпанецот Агире еден. Стрелец на победничкиот гол беше Фекете.

Унгарија го заврши натпреварувањето во групата како втора, зад Србија, која загуби со 15:13 од Црна Гора во натпревар кој не им значеше ништо на Србите.

Шрвата полуфинална двојка ја формираа Унгарија и Грцијаа, која го обезбеди првото место во Групата Ф и пред натпреварот од последното коло. Во второто полуфинале ќе играат Србија и победникот од натпреварот меѓу Хрватска и Италија, закажан за среда во 18:00 часот.

Полуфиналните натпревари на програмата се во петок.

Foto/ EPA

Scroll to Top