Кошаркарите на Филаделфија го победија Бостон Селтикс во седмиот натпревар од серијата со 109:100 и со тоа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција. Севентисиксерс направија подвог што ретко се случува во НБА лигата, ја добија серијата откако имаа негатива 1:3. .
За прв пат во историјата, Бостон загуби серија плејоф откако поведе со 3-1, со што овој триумф на 76ерс во ТД Гарден стана историски.
До победата тимот на Ник Нурс го предводеше Џоел Ембиид, кој се истакна со дабл-дабл од 34 поени и 12 скока, заедно со шест асистенции.
Тој имаше одлична поддршка во Тајрис Макси, кој повторно го затрупа кошот на Селтикс, овој пат со 30 поени, заедно со 10 фатени топки и седум асистенции.
Бостон беше без повредениот Џејсон Тејтум, а Џејлен Браун не можеше да го надомести неговото отсуство со 33 поени и девет скока.
Филалделфија во следната рунда ќе игра против Њујорк Никс, кои ги елиминираа Атланта Хокс со 4-2 во серијата.







