Хапоел сериозно заинтересиран за Ти-Џеј Шортс

Американецот со македонски пасош, кошаркар на Панатинаикос, Ти-Џеј Шортц, е цел на Хапоел Тел Авив.

„Израел Хајом“, тврди дека Хапоел сака да го доведе Шортс бидејќи верува дека мали се шансите да ја добие трката за потписот на плејмејкерот на Валенсија, Жан Монтеро.

Монтеро, репрезентативец на Доминиканската Република е член на идеалната петорка на Евролигата, како и МВП на четвртфиналето од плејофот.

22-годишникот веќе ја изрази својата желба да оди во НБА, но се потенцира и големиот интерес за неговите услуги од Олимпијакос.

Шортс го има истиот менаџер што го застапува главниот тренер на Хапоел, Димитрис Итудис, првиот асистент Стефанос Дадас, бекот Антонио Блејкни, центарот Ден Отуру и крилниот центар Колин Малколм.

Иако има важечки договор со грчкиот клуб до летото 2027 година, големото прашање е дали Шортс ќе остане во Атина по турбулентната сезона и нарушените односи со тренерот Ергин Атаман.

На полувремето од мајсторката против Валенсија, Атаман ја искористи можноста да го понижи Шортс, изјави дека „ПАО со Шортс на теренот игра четири на пет“.

По оваа некоректна изјава на тренерот Атаман, во одбрана Шортс јавно застана богатиот газда на Хапоел Офер Јанај.

Оваа сезона, Шортс има просек од 11,9 поени и 4,2 асистенции по натпревар во грчкото првенство, или 7,8 поени и 3 асистенции по натпревар во Евролигата.

Шортс блесна во дресот на Париз во сезоната 2024/25, кога беше член на идеалната петорка на Евролигата, а потоа го засили ПАО.

Scroll to Top