Харис Табаковиќ го скрши глуждоот пред СП

Босна и Херцеговина доби лоши вести неколку недели пред Светското првенство. Харис Табаковиќ се здоби со сериозна повреда и нема да патува на Светското првенство.

Како што дознава порталот „Klix.ba“, централниот напаѓач на Борусија Менхенгладбах доживеал фрактура на коската на глуждот во последното коло од Бундеслигата.

Табаковиќ се судрил со Озан Кабак од Хофенхајм и во таа прилика се повредил сериозно. Ногата му е во гипс, а паузата ќе трае околу три месеци.

Сепак, препораката на лекарот е да се изврши операција, а потоа закрепнувањето би можело да трае и до шест месеци.

Оваа вест претставува тежок удар за селекторот Сергеј Барбарез, особено ако се земе предвид феноменалната форма во која Табаковиќ играше во текот на целата сезона за Борусија. Тој постигна 13 гола и додаде три асистенции.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top