Катастрофалната игра на Џонатан Мотли на неговото официјално деби за Црвена звезда испиша црни страници во историјата на Евролигата.
Во поразот од Жалгирис (83:77), американскиот центар помина малку повеќе од 14 минути на теренот, со импресивен индекс од -13. Имаше два поени и асистенции, пет фаули (четири офанзивни), шест изгубени топки и еден очаен шут (1/7).
Ова е најлош натпревар на еден играч на Црвена звезда, откако се бројат индексните поени, а во историјата на елитното натпреварување, само еден човек е „подобар“ од поранешниот кошаркар на Фенербахче и Хапоел.
Некогашниот хрватски репрезентативец Лука Жориќ забележал минус од 14 индексни поени, во поразот на Фенербахче над Барселона (94:81) во 2013 година.
Foto/ facebook.com/BasketNews







