„Црвените ѓаволи“ подготвени да ја платат откупната клаузула за Нико Вилијамс

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс би можел да го напушти Атлетик Билбао во еден од следните два трансфер периоди и да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Имено, како што пишуваат медиумите на островот, Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои дури 95 милиони евра за Ник Вилијамс, еден од играчите кој е високо на листата на желби на Манчестер Јунајтед.

А, износот од 95 милиони евра всушност додава тежина на приказната, со оглед на тоа што оваа сума одговара на откупната клаузула што Вилијамс ја има во договорот со Атлетик Билбао.

Според информациите што ги дадоа извори блиски до баскискиот клуб, Атлетик издвојува околу 10 милиони евра годишно за Вилијамс, и дека поради ова и фактот дека не изборија место во Европа, сериозно размислуваат за продажба на својот најдобар играч.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top