Шпанија триумфално заврши уште еден квалификациски циклус за пласман на Светското првенство.
Актуелните европски шампиони, рутински ја поминаа групата каде што беа и Турција, Грузија и Бугарија, примија само два гола и постигнаа најмалку еден гол на секој натпревар, вкупно 21 постигнати.
Она што вреди да се напомене е дека тие продолжија да рушат рекорди во квалификациите за Светското првенство.
Еве ги рекордите:
Тие се во серија од 49 натпревари во кои постигнале барем еден гол во квалификациите, што е светски рекорд.
Тие го израмнија европскиот рекорд по бројот на натпревари во кои не се поразени (25 победи и 6 нерешени), сега се на котата 31 заедно со Италијанците (серија од 2018 до 2021 година). Светскиот рекорд го држи Бразил со 33 последователни натпревари.
Шпанија е единствената репрезентација која никогаш не изгубила натпревар дома во квалификациите за Светското првенство, тие имаат 54 победи и 10 нерешени.
Foto/ EPA







