Грција ја победи Финска во натпреварот за бронзениот медал на последниот ден од Евробаскетот во Рига. Грците славеа со резултат од 92:89. Ова е прв медал за Грција на континенталните шампионати по пауза од 16 години.
Најдобриот грчки играч, член на иделаната петорка на ЕП, Јанис Адетокумбо, прв пат во кариерата освои медал со Грција. НБА ѕвездата имаше емотивно излагање на прес конференцијата по натпреварот.
„Прво на сите, сакам да нагласам дека ќе играм за репрезентацијата сè додека Василис Спанулис е тренер. Тој е одличен човек и феноменален стручњак. Дадовме се од себе. Два месеци сме заедно, заедно сонувавме за медали и сега чувствуваме големо олеснување. Можеше ли медалот да биде посјајен? Тешко е да се зборува за тоа, со оглед на тоа што во полуфиналето не бевме на посакуваното ниво. Во моментов сум исклучително среќен бидејќи стигнав до првиот медал во дресот со националниот тим. Чувството е неверојатно, тешко е да се спореди со успесите во НБА лигата. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за децата низ цела Грција. Успесите во НБА лигата ќе ги слават мојата мајка, децата и цела Грција, донесовме радост на нацијата на која ѝ должам толку многу, а во исто време се надевам дека ќе доживееме добредојде во земјата што е мој дом и која направи толку многу за моето семејство, што никогаш нема да можам да го вратам на вистински начин“, истакна Јанис Адетокунбо.
Foto/ EPA