Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија

Албанските студенти најавија организирање протест на 26 мај на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, во знак на солидарност со албанските студенти од Македонија, за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, јавуваат медиумите во Албанија.

Според најавата, собирот ќе започне во центарот на албанската престолнина, а потоа ќе продолжи со марш кон Амбасадата на Македонија во Тирана.

Организаторите за слоган го избрале „Албанија е со Скопје“, нагласувајќи ја пораката за единство и поддршка на Албанците преку границите.

Scroll to Top