Белата куќа: Само претседателот знае како стојат работите и што ќе направи

Додека светот проценува колку сериозно да ги сфати заканите на американскиот претседател, Доналд Трамп, кон Иран, Белата куќа повторно го нагласи барањето Техеран во наредните часови да постигне договор, посочувајќи дека само претседателот знае како ќе реагира доколку тоа не се случи.

„Иранскиот режим има рок до 20 часот по американско источно време (2 часот по полноќ по македонско време) да одговори на ситуацијата и да постигне договор со Соединетите Американски Држави“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит за повеќе медиуми, вклучувајќи ја Ал Џезира и Волстрит журнал.

„Само претседателот знае како стојат работите и што ќе направи“, додаде таа.

Во претходна изјава, која многумина ја осудија и за која дел од аналитичарите сметаат дека би можела да претставува воено злосторство доколку се спроведе, Трамп се закани дека „цела една цивилизација вечерва ќе умре“ ако Иран, земја со околу 90 милиони жители, не се согласи со неговото барање за повторно отворање на Ормускиот теснец.

Scroll to Top