(Видео) Возила пловат во надојдените води, заробени луѓе, однесени мостови: ужасни сцени од поплави во Кина

Обилните дождови што ја погодија јужна и централна Кина предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку десет лица, училиштата и бизнисите беа затворени во неколку провинции, а сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија беа прекинати.

Најмалку шест лица загинаа откако пикап со 15 патници падна во надојдена река во регионот Гуангси во југозападна Кина, а во одделни инциденти, три лица загинаа во ненадејни поплави во село во Хубеи, додека едно лице загина во јужната провинција Хунан, објавија кинеските медиуми.

Кинеската метеоролошка агенција соопшти дека областите во Џијангси, Анхуи, Хунан, Хубеи, Гуиџоу, Гуангси, Гуангси и Хаинан се соочуваат со висок ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето.

Во некои делови од провинциите во централна Кина, Хубеи и Хунан, евакуацијата на жителите во поплавените подрачја е во тек, а во градот Џингжоу е соборен историски рекорд во врнежите од почетокот на работата на метеоролошката станица во 1953 година.

Противпожарната и спасувачка екипа на Хубеи испрати повеќе од 1.410 пожарникари, повеќе од 90 возила за спасување, повеќе од 1.500 парчиња опрема и материјали и 100 чамци во Џингжоу, соопштија локалните власти, според „Чајна дејли“.

Јавниот превоз, вклучувајќи градски автобуси, такси, како и меѓуградскиот превоз, е суспендиран во подрачјата погодени од поплавите, а властите ги повикаа жителите да избегнуваат непотребни патувања.

Scroll to Top