Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави дека вештачката интелигенција и хуманоидната роботика драматично ќе го преобликуваат глобалното општество, замислувајќи иднина во која сиромаштијата ќе биде елиминирана, а работата ќе стане опционална.
„Вештачката интелигенција и хуманоидните роботи всушност ќе ја елиминираат сиромаштијата“, рече Маск на Инвестицискиот форум САД-Саудиска Арабија во Вашингтон.
🚨 ELON MUSK: “In the long term, the work will be optional and money will stop being relevant at some point.” pic.twitter.com/c1m4xgQz0V
— DogeDesigner (@cb_doge) November 19, 2025
Маск, кој раководи со компании, вклучувајќи го производителот на електрични автомобили „Тесла“, производителот на ракети „Спејс Екс“ и стартапот за вештачка интелигенција „хАИ“, рече дека општеството треба да се подготви за структурни промени како што напредува технологијата. Тој предвиде дека на „долгорочен рок“, кој го дефинираше како 10 до 20 години, традиционалната работа ќе стане непотребна за повеќето луѓе.
„Моето предвидување е дека работата ќе биде опционална“, рече тој. „Ќе биде како спортување или играње видео игри… можете да одите во продавница и да купите зеленчук или можете да го одгледувате во вашиот двор. Многу е потешко, но некои луѓе сè уште го прават тоа затоа што сакаат да одгледуваат зеленчук. Таква ќе биде работата – опционална.“
фото: принтскрин







