(Видео) Масовен напад врз Киев; има загинати и ранети

Најмалку две лица загинаа, а неколку други беа повредени во утриновнешните руски воздушни напади врз Киев, што претставува продолжение на засилените руски напади врз украинскиот главен град. Во меѓувреме, Русија потврди рекорден воен буџет за 2027 година, што укажува на подготовки за долготрајна војна. Оваа вест доаѓа во момент кога Украина се обидува да ја зајакне својата противвоздушна одбрана со нови западни системи, додека истовремено се справува со проблеми поврзани со внатрешната корупција, пренесува „Киев Индипендент“.

Загина дете
Две лица – меѓу кои и едно дете – загинаа, а четворица други беа повредени во нападот со ракети и дронови, утрово врз Киев. Русија ги засили нападите врз главниот украински град уште од август, користејќи постојани напади со беспилотни летала во обид да ја исцрпи украинската противвоздушна одбрана.

Во посебен напад извршен во текот на ноќта, едно лице беше рането, а оштетени беа железничко депо, центри за податоци и образовна установа.

Во регионот Суми, на северот од земјата, три деца беа повредени во напад со наведувани бомби, врз училиште, додека се криеле внатре во објектот.

Од друга страна, украинската војска извести за успеси во операцијата „Вивалди“, при што беа ослободени три населени места и беа нанесени загуби од околу 2.000 руски војници. Воени извори исто така тврдат дека руските трупи во близина на Купјанск користат цивили како „жив штит“ за време на своето повлекување. Како одговор на заканата од воздух, Украина доби нова пратка ракети за системите за противвоздушна одбрана NASAMS.

Претседателот Володимир Зеленски ја потврди испораката, но истакна и дека земјата се соочува со недостиг на залихи. Тој исто така најави дека Белгија ќе испорача три борбени авиони Ф-16 до крајот на 2026 година и дека веќе пристигнале итни пратки со муниција за овие авиони од Белгија и Шпанија.

Scroll to Top