(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар, врз автомобилот биле фрлани камења и биле пронајдени траги од оштетување од куршуми, изјави министерката за животна средина и енергетика Инес Манзано.

Претседателот не е повреден, а пет лица се уапсени, додаде министерката Манзано, која официјално поднесе пријава за обид за атентат врз претседателот Нобоа.

„Пукање кон автомобилот на претседателот, фрлање камења, уништување на државен имот – тоа е едноставно криминал. Ние нема да го дозволиме тоа“, рече Манзано.

Видео од автомобилот, објавено од Кабинетот на претседателот, ги прикажува луѓето покрај патот како фрлаат камења и кршат стакло на прозорецот на возилото.

Конфедерацијата на староседелските народи на Еквадор (CONAIE) објави дека полицијата и војската ги нападнале луѓето што се собрале за доаѓањето на претседателот, вклучувајќи ги и постарите жени. „Најмалку петмина од нас беа произволно уапсени“, пишуваше во нивниот пост на платформата Икс.

фото: принтскрин

Scroll to Top