(Видео) Неидентификуван дрон се урна во близина на воен аеродром во Германија

Во близина на воениот аеродром Вунсторф, недалеку од Хановер, се урна неидентификувано беспилотно летало, поради што полицијата на Долна Саксонија започна истрага на поширокото подрачје околу базата. Според медиумите, инцидентот се случил синоќа.

Истрага на местото на падот
На местото каде што се урна леталото беа испратени полиција и служби за итни интервенции. Истражителите спроведоа увид за да го утврдат потеклото на беспилотното летало и околностите под кои дошло до падот. Регионалната канцеларија на криминалистичката полиција соопшти дека нема опасност за населението.

Аеродромот Вунсторф е седиште на транспортната авијација на германската армија, поради што појавата на беспилотно летало во негова близина наложи итна реакција од безбедносните служби. Засега не е познато кој управувал со леталото и дали тоа било намерно насочено кон воениот објект.

Scroll to Top