(Видео) Протести во Нови Сад: граѓаните се собираат, студентите влегуваат во факултетот низ прозорецот

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица, при што загинаа 16 лица. Граѓаните ќе се соберат и ќе одржат 16-минутно молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата, јавува Н1. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.

Во Белград, студентите и учениците на блокада најавија комеморативна прошетка вечерва во 18:30 часот. Родителите, учениците и наставниците протестираат пред Петтата белградска гимназија.

Деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид, влегол во зградата на факултетот низ прозорец со помош на, според очевидци, тројца разбивачи и со асистенција на двајца полицајци.

Неколку студенти влегле и низ прозорецот на факултетот, додека пред влезот граѓаните се расправаат со полицијата, која ги туркала со штитови, пренесуваат српските медиуми.

Подоцна, ситуацијата почнала да се смирува, а студентите и граѓаните сè уште се собираат. Пред зградата на факултетот пристигнале засилувања на полицијата. Покрај Итната полиција, таму има и единица на жандармеријата.

фото: принтскрин

Scroll to Top