(Видео) Се урна воен хеликоптер во Пакистан, петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа денес откако воен хеликоптер се урна во северен Пакистан, изјави портпарол на владата.

Хеликоптерот се урна во округот Диамер во регионот Гилгит-Балтистан, при што загинаа сите пет члена на екипажот, изјави за агенцијата Анадолија, Фајзулах Фирак, портпарол на владата Гилгит-Балтистан.

Тој објасни дека хеликоптерот се користел за спасувачки и хуманитарни мисии по неодамнешните дождови и поплави во регионот.

Фирак додаде дека во хеликоптерот имало двајца пилоти и тројца членови на техничкиот персонал.

Хеликоптерот вршел пробно слетување на нов хелиодром. Спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата и започнале со спасувачки операции.

Немаше непосредни информации за причината за несреќата, иако портпаролот на владата на Гилгит-Балтистан наведе „техничка неисправност“.

фото: принтскрин

Scroll to Top