Украинското воено разузнавање (HUR) извести за уште еден успешен напад врз окупираниот Крим, тврдејќи дека рускиот радарски систем 91N6E, клучна компонента на системот за воздушна одбрана С-400 Триумф, бил погоден во текот на ноќта помеѓу 28 и 29 август.
„Уште еден (руски) Триумф на полуостровот е „ослепен“, се вели во соопштението на агенцијата.
Како доказ, таа обезбеди црно-бели снимки од дрон наводно на кои се гледа моментот кога рускиот систем бил погоден, чија автентичност Kyiv Independent не можеше независно да ја потврди.
Овој напад е најновиот во серијата напади насочени кон компонентите на скапиот систем С-400. Да потсетиме дека кон крајот на јуни, украинските беспилотни летала ја погодија опремата за воздушна одбрана во Крим, оштетувајќи радарски единици и други делови од системот.
Украина претходно изврши успешни напади врз радарските системи С-400, како на Крим, кој Русија го окупираше во 2014 година, така и во руски региони како што е Белгородската област.
фото: принтскрин







