Група од најмалку 18 милитанти на Хамас изврши напад врз камп на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа утрово, објави „Тајмс оф Израел“.
Во нападот се повредени тројца војници, од кои еден е сериозно, соопшти ИДФ. Во воен извештај се вели дека вооружените милитанти на Хамас се обиделе да ги заробат војниците.
Нападот, според воени извори, започнал околу 9 часот наутро кога оперативците излегле од тунел јужно од Кан Јунис и отвориле оган со митралези и ракетни фрлачи додека се приближувале кон воениот камп. Некои од милитантите успеале да ја пробијат одбраната на кампот, каде што размениле оган со единици на бригадата Кфир.
תיעוד מיוחד מהקרב של לוחמי צוות הקרב החטיבתי כפיר בחאן יונס pic.twitter.com/hJJdLnoUne
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) August 20, 2025
Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), војниците и воздушните напади убиле најмалку десет оперативци на Хамас, додека осуммина успеале да избегаат назад во тунелот. ИДФ објави снимки на кои се гледаат воздушните напади и напорите на војниците да го одбијат нападот.
„Војниците идентификуваа повеќе од 15 терористи кои излегоа од тунелот и отворија оган, вклучително и оган од ракетни фрлачи, врз силите“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин, портпаролот на ИДФ, на прес-конференција.
„Во истиот инцидент, неколку терористи влегоа во зграда каде што престојуваа нашите војници и терористите беа елиминирани. Истражуваме како се случило ова и ќе ги извлечеме потребните заклучоци“, додаде Дефрин.
На интернет се појави видео на кое се гледаат телата на двајца вооружени лица во воен камп, додека друго видео покажува тенк од 74-от оклопен баталјон како прегазува напаѓач вооружен со ракетни фрлачи за време на нападот.
בקרבות פנים אל פנים: לוחמי חטיבת כפיר חיסלו כעשרה מחבלים לאחר שביצעו ירי לעברם
מוקדם יותר היום, יותר מ-15 מחבלים ביצעו התקפה משולבת של ירי מקלעים ונ״ט, ומספר מחבלים חדרו למגנן של כוחות מגדוד נחשון של חטיבת כפיר במרחב ח׳אן יונס.
במהלך האירוע, לוחמי החטיבה הצליחו לחסל כ-10 מחבלים… pic.twitter.com/ROGLPWMavY— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) August 20, 2025
Ранетите војници служеле во баталјонот Нахшон на бригадата Кфир. Едниот е сериозно ранет, додека другите двајца се во добра состојба, според воените извештаи.
Израелските одбранбени сили соопштија дека работат на пронаоѓање на преостанатите вооружени лица вклучени во нападот.
Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, ја презеде одговорноста за нападот во соопштение, велејќи дека неговите војници „се позиционирале“ и извршиле самоубиствен напад.
фото: принтскрин