Голем безбедносен пропуст во Пентагон: откриени податоци за повеќе од три милиони луѓе

Од октомври 2025 до јули 2026 година, неовластените хакерски упади во базата на податоци на Пентагон доведоа до откривање на чувствителни податоци за 2,76 милиони живи и 294.000 починати лица, вклучувајќи броеви на социјално осигурување и информации за работните места што ги извршувале, изјави денес функционер на Министерството за одбрана на САД, пренесуваат светските медиуми.

Информативниот систем на Центарот за податоци за човечки ресурси (DMDC) на Министерството за одбрана одржува информации за активни и резервни војници, цивилни вработени, изведувачи, ветерани и членови на семејства на војници, а неговата база на податоци содржи повеќе од 60 милиони записи за персоналот.

Службеникот вели, дека мал број неовластени корисници пристапиле до лични податоци и дека DMDC веднаш ја поправил ранливоста по откривањето на проблемот, објавува ABC.

Според службениците, досега нема докази дека откриените податоци биле злоупотребени.

На засегнатите лица им се нуди заштита на идентитетот и ресурси за следење на кредитот.

Веста за „упадот“ во базата на Пентагон се појави откако Федералното истражно биро (ФБИ) ги информираше вработените за безбедносен инцидент поврзан со порталот за регрутирање „FBIJobs.gov“.

Според извори на ABC News, хакерска група претходно најави објавување на информации за вработените во ФБИ, вклучувајќи имиња, адреси, лични и деловни контакти, броеви на социјално осигурување, датуми на раѓање и контакти во итни случаи.

Хакерската група „ShinyHunters“, сепак, им изјави на весникот „New York Times“ и „404 Media“ дека нема да ги објави податоците, наведувајќи дека инцидентот не бил изнуда или обид за финансиска добивка, туку „маркетиншка кампања“.

ФБИ објави дека засегнатиот систем не е класифициран и почна да ги известува вработените погодени од инцидентот, според Танјуг.

Scroll to Top