Десеттиот обид за лансирање на „Старшип“ на Маск е откажан, објавена е причината

„Спејс Икс“ го откажа својот десетти пробен лет на својата џиновска ракета Starship од Бока Чика, Тексас. Лансирањето беше закажано за недела во 18:30 часот по локално време, но по кратко одложување до 18:50 часот, беше целосно откажано.

Компанијата соопшти дека одлуката е донесена за да „се овозможи време за решавање на проблемите со копнените системи“.

Целта на мисијата беше да се спроведат серија тестови и да се соберат податоци, а потоа ракетата да се спушти во Мексиканскиот Залив.

„Старшип“ е клучен за амбициите на Маск, со кој тој сака да ги врати луѓето на Месечината и еден ден да изгради град на Марс. Од деветте обиди досега, само неколку беа делумно успешни, а три оваа година завршија со спектакуларни експлозии: во јануари и март, остатоци паднаа на карипските острови, а во мај во Индискиот Океан.

Мисијата во неделата требаше да тестира и нови топлински плочки и за прв пат да распореди симулатори на „Старлинк“ сателитите. „Спејс Икс“ планира наскоро безбедно да го слета горниот дел од ракетата, но засега тоа не е постигнато.

фото: принтскрин

Scroll to Top