Захарова: Берлин ги заборави лекциите од историјата

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека „Берлин ги заборавил лекциите од историјата“, коментирајќи ги извештаите за ограничувања на правото на мажите на возраст за регрутација да ја напуштат Германија.

„Во жештината на милитаристичката лудост, Германија целосно ги заборави лекциите од историјата. Последниот пат кога германската политичка елита се обиде да ја направи својата земја „главна воена сила во Европа“, тоа заврши со трагедија за целото човештво“, напиша таа на својот Телеграм канал, пренесува Спутник.

Медиумите претходно објавија дека Германија ги заострила ограничувањата за патување за мажите на возраст за регрутација: според промените во законот за регрутација, кој ќе стапи на сила во 2026 година, мажите на возраст од 17 до 45 години сега се должни да добијат дозвола за патување во странство не подолго од три месеци, пренесува Танјуг.

Scroll to Top