Зеленски: Сега е можен барем прекин на огнот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето вечерно обраќање изјави дека Украина и нејзините сојузници „споделуваат разбирање“ дека барем прекин на огнот сега е можен. „Иако тоа зависи од соодветен притисок врз Русија“, предупреди тој. Зеленски додаде дека имал повеќе од десетина разговори со лидери на различни земји и дека неговиот тим е во постојан контакт со Соединетите Американски Држави. Тој, исто така, рече дека советниците за национална безбедност од Украина и сојузничките земји ќе разговараат подоцна навечер. Денешниот извештај на „Блумберг“ сугерира дека Соединетите Американски Држави и Русија работат на договор што ќе ѝ овозможи на Москва да ја задржи територијата што ја зазеде за време на нејзината инвазија на Украина. Фото: ЕПА

Scroll to Top