Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени регистриран на Алјаска

Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени е регистриран на Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Потресот е регистриран во близина на местото Николски, пренесува Ројтерс.

Според податоците на USGS, земјотресот бил на длабочина од 83 километри.

Засега нема извештаи за причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.

Scroll to Top