Израелската војска извршила нови воздушни и артилериски напади врз јужен Либан, и покрај важечкото примирје. Нападите се случиле само неколку дена по новиот круг мировни преговори.
Според либанската државна агенција ННА, израелските сили во текот на ноќта пукале со митралези во областа Вади ал-Салук во покраината Набатије. Со артилерија бил гаѓан градот Мансури, а бил бомбардиран и Кфар Тебнит. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел се одржа минатиот четврток во Рим, со посредство на САД. Разговорите биле насочени кон спроведување на рамковниот догона зарвор потпишан на 26 јуни. Либанскиот претседател Џозеф Аун изјавил дека е постигнат „позитивен напредок“ за прашањата поврзани со границата и размената на заробеници.
Договорот предвидува постепено повлекување на израелските сили од окупиранaта либанска територија, додека од Либан се бара распоредување на својата армија и разоружување на вооружените групи, вклучително и Хезболах.
Според либанските власти, од 2 март во израелските напади загинале 4.335 луѓе, 12.277 се повредени, а повеќе од еден милион се раселени.







