Иранската државна агенција ИРНА соопшти дека наводите за нова рунда преговори со САД во Пакистан не се точни.
Според агенцијата, преговорите се отежнати поради, како што наведуваат, „претерани барања“ од САД, контрадикторни изјави и чести промени на ставовите, како и блокадата на иранските пристаништа и заканувачката реторика.
„Во вакви околности нема изгледи за успешни преговори“, се наведува во објавата.
И други ирански медиуми поврзани со Револуционерната гарда изразиле сомнеж за учеството на Иран, а засега нема официјална потврда дали ирански претставници ќе присуствуваат на евентуални разговори.







