Кремљ: Моментално нема планови за средба меѓу Путин и Трамп во Кина

Кремљ во моментов нема планови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп во Кина, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Можам да ви кажам дека во моментов нема такви планови“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан дали средба меѓу Путин и Трамп може да се одржи за време на посетата на рускиот лидер на Кина.

Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина се подготвува, а Кремљ ќе ги објави точните датуми, додаде Песков.

„Посетата на претседателот Путин на Кина навистина се подготвува. Кина е наш привилегиран стратешки партнер. Посетата и контактите на високо ниво се подготвуваат, а ние ќе ве информираме за датумите на овие контакти навремено“, изјави Песков пред новинарите, одговарајќи на прашање за временската рамка на посетата.

Претходно, кинескиот претседател Шји Џјинпинг го покани рускиот претседател Владимир Путин официјално да ја посети Кина во 2026 година.

Scroll to Top