Учеството на Латвија во нападите врз руска територија нема да остане без последици, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галужин.
„Ако тие во Рига наивно мислат дека, под капата на НАТО, ќе можат да учествуваат во антируски воени провокации и терористички напади од страна на киевскиот режим врз нашите граѓани без никакви последици за себе, криејќи се под наводна одбрана, тогаш многу грешат“, нагласи тој.
Галужин додаде дека Москва внимателно ги регистрира центрите каде што се носат одлуки за, како што изјави, провокации врз цивили и лансирање беспилотни летала врз руски објекти, како и местата на нивно производство и конечно склопување, без оглед под чија јурисдикција се.
Кон средината на мај, Службата за надворешно разузнавање на Русија објави дека украинските сили подготвуваат нова серија напади врз задните региони на Русија и дека Киев планира да ги премести од балтичкиот регион за да го скрати времето на нивниот лет.
Украинските беспилотни летала сè повеќе влегуваат во воздушниот простор на Литванија, Латвија и Естонија. Тие земји тврдат дека не ѝ дозволиле на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напад врз Русија, додека Москва, како одговор, испрати посебно предупредување.







