Две лица се убиени во напад со нож во приватно училиште во близина на Берлин. Напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата. Нападот се случил денеска во градот Гозен-Ној Цитау, на границата помеѓу Берлин и сојузната покраина Бранденбург.
Убиена е 18-годишна ученичка, како и 30-годишен маж кој се обидел да и помогне. Засега нема информации дали некој друг е повреден.
Според медиумските извештаи, уапсениот напаѓач има 19 години и наводно е поранешен партнер на убиената девојка. Неговата националност засега не е позната, ниту пак е познато дали го посетувал училиштето каде што се случил нападот.
Пред нешто повеќе од еден месец, 16-годишник од хрватско потекло нападна и сериозно повреди две девојчиња со нож во неговото училиште во Баварија.
Во Германија, во 2025 година се регистрирани речиси 30.000 напади со нож, од кои речиси 1.000 завршиле со смрт.
фото/Depositphotos







