Нобеловката Наргес Мохамади во критична состојба, итно префрлена од ирански затвор во болница

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2023 година, иранската активистка Наргес Мохамади, која е затворена во Иран, се наоѓа во критична кардиолошка состојба.

Според Фондацијата „Наргес Мохамади“, таа пред два дена била префрлена од затвор во болница во градот Занџан, откако двапати изгубила свест и доживеала тежок срцев удар.

Фондацијата бара нејзиното лекување да продолжи во специјализирана болница во Техеран.

Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир поради децениската борба за правата на жените и укинување на смртната казна во Иран.

Таа во февруари годинава повторно беше осудена на седум и пол години затвор за, како што наведуваат иранските власти, „антидржавна пропаганда“.

Нобеловиот комитет побара Техеран веднаш да ја ослободи.

Scroll to Top