Осум лица се борат за живот, хрватските пожарникари предупредуваат: Треба да бидеме внимателни

Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш во текот на ноќта и зафати области над самиот град, достигнувајќи блиску до центарот на градот.

Пожарот загрози бројни куќи и згради, некои жители и туристи се евакуирани, а беше причинета и голема материјална штета, изгореа автомобили и објекти.

Во текот на ноќта, 43 лица побарале медицинска помош, 14 се задржани во болница, а осум се во живото-загрозувачка состојба, објавуваат хрватските медиуми.

Полицијата денес околу 13:30 часот пронајде мртво тело на едно лице додека го прегледуваше изгореното подрачје. Во тек е и потрагата по 34-годишната жена од БиХ која исчезнала додека бегаше од пожарот синоќа.

Scroll to Top