Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа излета од шините меѓу Руан и Кан во северозападна Франција, јави БФМТВ цитирајќи локални власти.

Според телевизијата, возот се судрил со сè уште неидентификуван предмет. Еден вагон се превртел, а четири други излетале од шините.

Францускиот министер за транспорт, Филип Табаро, првично изјави дека се повредени околу 20 лица.

Несреќата се случила околу 19:30 часот по локално време, што предизвикало итна интервенција од големи размери, пренесе ДПА.

Scroll to Top