Погоден танкер кај Катар

Според податоците на британската Поморска трговска агенција (UKMTO), вчера северно од Катар, танкер бил погоден од повеќе ракети.

Од UKMTO соопштија дека добиле извештај за инцидентот околу 20:00 часот, на приближно 51 наутичка милја (94 километри) северно од Мадинат аш Шамал, Катар.

„Пријавено е дека танкерот бил погоден од повеќе ракети. Пријавени се и повеќе повредени лица“, наведоа тие. Надлежните органи го истражуваат инцидентот, додадоа од UKMTO.

Scroll to Top