Полскиот претседател Карол Навроцки му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата одлука да испрати дополнителни американски војници во Полска.
Благодарноста дојде откако Трамп изјави дека САД ќе испратат уште 5.000 војници, наведувајќи го како причина неговиот однос со Навроцки.
„Добрите сојузи се оние засновани на соработка, меѓусебно почитување и посветеност на заедничката безбедност“, напиша Навроцки во објава на социјалната мрежа Икс.
„Му се заблагодарувам на американскиот претседател Доналд Трамп за неговото пријателство кон Полска и за одлуките чија практична димензија ја гледаме многу јасно денес“, додаде Навроцки.
Одлуката за испраќање дополнителни војници во Полска потврдува дека полско-американските односи се „многу силни и дека Полска е примерен сојузник“, додаде полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш, исто така на Икс.
Во вторникот, американскиот потпретседател Џ.Д. Венс им рече на новинарите дека распоредувањето на американски војници во Полска е одложено, но дека не е точно да се каже дека војниците се повлекуваат од Европа.
Претходно, полските власти беа вознемирени од извештаите дека Пентагон ги откажал плановите за распоредување трупи таму, но ги уверија Полјаците дека тоа не е случај.







