Рускиот претседател, Владимир Путин, призна дека нападите на Украина врз руските рафинерии за нафта и инфраструктура влијае на економијата.
Рускиот претседател учествуваше на состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти во Москва. Зборувајќи за руската економија, тој рече: „Статистичките податоци покажуваат дека економската активност, иако генерално умерена, останува позитивна“.
„Јасно е дека темпото на економската активност е под влијание на голем број фактори, вклучувајќи го надворешниот притисок, како и терористичките напади врз индустриските и инфраструктурните објекти. Секако, ваквите напади не доведоа, ниту можеа да доведат до критични последици. Сепак, тие ни штетат. Тоа е очигледно и ние целосно го препознаваме и разбираме ова“, додаде тој.
Тој најави дека учесниците на состанокот ќе разговараат за плановите за постигнување на долгорочните развојни цели на Русија, кои вклучуваат клучни области како што се демографијата, образованието, квалитетот на животната средина, технолошкото лидерство и дигиталната трансформација.
„Секако, меѓу националните цели се и стабилен и висококвалитетен развој на домашната економија и постигнување повисоки стапки на раст во широк спектар на индустрии. Предлагам да се започне со оваа тема“, рече Путин.
фото/Depositphotos







