Речиси една третина од боледувањата во ЕУ се должат на „прегревање“ на работа

„Прегревањето“ на работа беше најчестата дијагноза за боледување за вработените во европската дипломатска служба во периодот помеѓу април минатата година и март оваа година, и беше користено во 28 проценти од случаите, според бриселски „Политико“.

Според податоците добиени врз основа на барањето за пристап до документи, во набљудуваниот период, во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се регистрирани 1.751 медицински потврди за болест.

Контролната единица на Европската комисија, која ја проверува медицинската оправданост на отсуството од работа поради болест, разгледала 263 случаи, а меѓу нив речиси 28 проценти биле денови на боледување поради прегревање на работа.

Случаите биле контролирани случајно или на барање на администрацијата, што значи дека тие претставуваат само примерок од сите денови на боледување.

Висок функционер на ЕЕАС неодамна изјави за „Политико“ дека во 2025 година, околу осум проценти од вработените во службата биле на боледување поради стрес или прегревање на работа.

Комисијата оцени дека оваа информација е „целосно неоснована“, додавајќи дека „таква статистика не постои, ниту за EEAS, ниту за Комисијата, бидејќи отсуствата од медицински причини се заштитени со медицинска тајна“.

Како одговор на прашањето на „Политико“ Комисијата рече дека одговорот на тоа тврдење од страна на службеникот на EEAS е „фактички точен“.

Професорот по управување со човечки ресурси на Слободниот универзитет во Брисел (Vrije Universiteit Brussel, VUB) Берт Шројрс рече дека не мисли дека информациите од документот се многу високи. „Во споредба со она што го гледаме во Белгија, тие се пониски“, додаде тој.

Сепак, претседателот на еден од синдикатите вработени во институциите на ЕУ, Кристијано Себастијани, рече дека објавените бројки може да го потценат проблемот бидејќи вработените не се подготвени да ги припишат своите здравствени проблеми на прегревањето на работа.

Scroll to Top