Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, денеска пред Конгресот изјави дека САД го чекаат „конечниот потпис“ на Иран во преговорите што се водат околу нуклеарната програма на Техеран.
Рубио попладнево се појави на сослушување каде што одговараше на прашања за војната со Иран, а во продолжение клучните точки од неговото излагање:
Каков било договор со Иран би се однесувал исклучиво на нуклеарната програма на Техеран. Рубио нагласи дека би било невозможно да се потпише договор кој не го решава прашањето за високо збогатениот ураниум.
Пред неколку месеци Иран целосно одбиваше воопшто да разговара за нуклеарната програма, додека сега тоа прашање е јасно дефинирано и адресирано во нацрт-документите, тврди Рубио.
И покрај постигнатиот напредок, шефот на дипломатијата предупреди дека Вашингтон сè уште нема конечна согласност и потпис од иранската страна.
Рубио ги прецизираше условите на преговорите, истакнувајќи дека деблокадата на Oрмускиот Теснец е директно поврзана со укинувањето на поморската блокада на иранските пристаништа, а не со укинувањето на општите санкции.
Американските санкции поврзани со иранската нуклеарна програма би можеле евентуално да дојдат на дневен ред доколку Иран исполни сè што се бара од него, но Рубио нагласи дека тоа е сепак далечна иднина.







