Велика Британија постигна договор со САД за фармацевтско партнерство што овозможува бесцарински увоз на британски лекови, пренесе Ројтерс.
Со договорот, Вашингтон се обврзува на нулта царина за британски фармацевтски производи во период од најмалку три години.
Британската влада соопшти дека со ова станува единствената земја чии лекови имаат ваков пристап до американскиот пазар.







