Санчез смирен по информациите дека САД би можеле да ја суспендираат Шпанија од НАТО

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е целосно смирен по информациите дека САД размислуваат за суспензија на учеството на Шпанија во НАТО, поради нејзиното противење на војна со Иран и одбивањето да дозволи користење на своите бази и воздушен простор.

Според анонимен официјален извор цитиран од Ројтерс, Пентагон во интерен е-маил разгледува опции за суспензија на учеството на Шпанија во НАТО, како и промена на американскиот став за Фолкландските Острови, како можен притисок врз Обединетото Кралство.

„Не работиме врз основа на е-маилови, туку врз основа на официјални документи што ги изработува САД“, изјави Санчез, нагласувајќи дека Шпанија останува „лојален партнер“ и продолжува со целосна соработка со сојузниците во рамки на меѓународното право.

Во истиот интерен документ, според изворот, се разгледуваат мерки за „казнување“ на сојузниците кои не ги поддржале американските воени операции против Иран, вклучително и ограничувањата за користење на нивните бази и воздушен простор.

Scroll to Top