Се урна рудник во Русија: Осум лица заробени под урнатините

Во Магаданската област во Русија се урна рудник, при што под урнатините останале заробени до осум лица, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Според првичните информации, дошло до одрон на карпи во површинскиот јагленокоп Кадикчан во округот Сусумански, пренесува ТАСС.

„Примивме извештај за одрон на карпи во површинскиот коп за јаглен Кадикчан. Според прелиминарните информации, до осум лица може да се наоѓаат под урнатините“, соопшти Министерството.

На местото на несреќата итно се испратени пожарникари, рударски спасувачки тимови и медицински екипи, а во акцијата е вклучен и хеликоптер Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации.

Рудникот Кадикчан произведува јаглен преку површинска експлоатација.

Фото: Depositphotos

Scroll to Top